26 Април, 2024
0.0315

ОД ПОЛИЦИСКА АСИСТЕНЦИЈА ДО БЛОКАДА: Како заглавија граѓаните на Сопиште ни криви ни должни

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Скоро година и половина со блокирана сметка на општината и толку време со врзани раце за да функцинира  - спор со Министерството за внатрешни работи му ја закочија работата на градоначалникот Стефче Трпковски кој веќе во втор мандат раководи со скопско Сопиште една од општините со најголем потенцијал за раст.

Со судска одлука, па потврда од Апелациониот суд, извршител ја блокираше сметката на општината во мај лани. Станува збор за долг од вкупно 72 милиони денари со камати, а МВР ги бара оти претходниот градоначалник добил, а не платил за полициската асистенција кога настана хаос при изградбата на водоводната мрежа кон Патишка река пред осум години. Претходникот Јован Ѓорѓиоски дозволил и потпишал полицајците десетина дена да го обезбедуваат градежниот објект за кои протестираа граѓаните, но долгот не го платил. Сега тој стаса за наплата и тоа со камати. Трпковски вели дека од сметката редовно се исплатуваат парите за блокадата, ама во меѓувреме тој не може да направи ништо за општината. Стојат нереализирани сите проекти, не се градат локални патишта, канализација, не се санираат улиците. Најмногу трпат граѓаните. Бара решение заостанатото да се плаќа на рати без блокада, оти и покрај тоа што досега е вратен половина од долгот, во иднина се потешко ќе биде да се наоѓаат пари. Ако општината не инвестира, нема да има ни приходи, вели Трпковски.

„Нема планови, а тоа е всушност основата за развој на секоја општина. Не може да се гради, не се фокусираме на инфраструктурни проекти, а Сопиште има голем потенцијал за раст. Нашиот развој не е во чекор со потребите. Цело време сме со кочници и во лер. Дури стопираме луѓе кои сами сакаат да инвестираат, вели Трпковски.


Моментно општината има одобрен лимит, па од сите приходи на сметка месечно користи по околу 2,4 милиони денари, пари со кои ги покрива само тековните трошоци, платите на вработените и ги плаќа комуналните сметки. Други два милиони денари во просек секој месец одат на сметката на МВР. Од друга страна стои недовршена канализацијата во Ракотинци со клизиште, поради што 100 населени куќи се во опсаност да се срушат. Трпковски вели дека не може да гради локални патишта како тој од Горно Соње до Добридол, ниту пак да санира патишта. Граѓаните се жалат дека имаат проблем да се движат, тие кои се со автомобил секојдневно ги кинат гумите или го кршат возилото.

Главниот долг кон МВР е 38,7 милиони денари. Каматите изнесуваат 33 милиони денари. Досега исплатени се 45,9 милиони денари, а останале 30 милиони денари.

МВР го доби спорот во 2014 година, а случајот датира од септември 2010 година кога поранешниот градоначалик на општина Сопиште, Јован Ѓорѓиоски од полицијата побарал да ја обезбедува изградбата на водоводот во Патишка Река, бидејќи тамошните жители не дозволуваа водоводот да се гради. Ѓорѓиоски дури ставил потпис на записникот, но парите не ги пратил. Трпковски сега вели дека се обидел да разговара и со поранешната министерка Гордана Јануловска, но набрзо потоа се случиле промените, па зборувал и со министерот Оливер Спасовски. И покрај волјата од двете страни, сепак договор не бил постигнат.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие понудиле договор на рати, но не било прифатено.

„Во однос на судскиот предмет против oпштина Сопиште, ве информираме дека со пресуда од 2014 година усвоено е тужбеното барање на МВР против општината. Бидејќи пресудата е правосилна истата е доставена до надлежен извршител за спроведување на истата согласно Законот за извршување.Во текот на постапката на тужениот му беше укажано дека поради висината на долгот, истите можe да го исплатат долгот на повеќе рати, меѓутоа од нивна страна не беше дадена согласност и од тие причини извршувањето се спроведува преку извршител, изјавија од МВР за Фактор.

Инаку општината Сопиште моментно има и други долгови, кои не може да ги враќа поради блокадата. Должи 11 милиони денари кон фирмата Алкон проект и уште 10 милиони денари кон ЕВН за улично осветлување. За сите каматата расте. Трпковски вели дека заминал од првиот мандат со позитива на сметката, а раздолжил и други стари долгови. Сега не може да ја води општината, поради лоши политики. Додека трае голготата, ќе трае и неможноста оваа општина да се развива.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра