26 Април, 2024
0.0418

ОД ПРВИОТ ПОВИК ВЛАДАТА НЕ ОДБРА НИ ЕДЕН, А РАСПИША НОВ ОГЛАС ЗА СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ - кој ќе вложи 100 или 150 милиони евра во земјава и во што

Објавено во: Економија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Ги најавуваше на голема врата, но лани не успеа никому да му го довери статусот на мега стратешки инвеститор, односно ниту еден проект не успеа да стане стратешки инвестициски проект.

Владата сега распиша нов оглас, кој ќе трае дури до крајот на јануари идната година, рок во кој сите заинтересирани треба да се пријават, доколку сакаат да влезат во новата трка за стратешки инвеститори.

Како што е познато, Владата лани објави јавен повик за стратешки инвестициски проект, кој траеше до јануари годинава. На него, според сознанијта на Фактор, се пријавиле осум до девет компании. Владата со нив водела преговори, а според едно признание на премиерот Зоран Заев, преговорите оделе тешко, бидејќи станува збор за крупни проекти, со големи барања, а за кои мора да се испочитуваат и законите во државата.

Неофицијални информации своевремено говореа дека една домашна компанија само што не го добила статусот на стратешки инвестициски проект, а според неофицијалните информации, тоа требаше веќе пролетва да се објави на голема врата во јавноста.

Но, дали големите проблеми што се до скоро во земјава ги создаваше коронавирусот, или пак, некои други причини се посреди, но факт е дека и покрај специјално донесениот закон за тоа, и покрај подготовките и плановите, се уште ниту еден проект не дуби статус на стратешки.

Тоа за Фактор го потврдија и од Владата, објаснувајќи дека сите овие проекти треба да ги поминат потребните процедури.

„До овој момент се уште Владата нема донесено Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект, а во тек е разгледување на повеќе пристигнати барања, кои согласно Законот треба да ја поминат процедурата“, се вели во одговорот што го добивме од Владата.

Инаку, како што објаснија оттаму, согласно член 8 од Законот за стратешки инвестиции, Владата најдоцна до 31 јануари за тековната година објавува јавен повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект кој се објавува во ‚Службен весник' и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија“.

Согласно новиот јавен повик, заинтересираните треба да се пријават до 31 јануари идната година.

Наши извори од редот на странските инвеститори во земјава, сметаат дека ваквото објавување на јавен повик за пријавување само еднаш годишно, може да ги одврати потенцијалните инвеститори кои сакаат да конкурираат за ваков проект.

„Што ако одредена компанија, на пример, сака сега да се пријави, и сака за два месеци да знае дали ќе го добие статусот на стратешки инвеститор. Дали таа компанија треба да чека уште најмалку осум месеци, за прво сите да се пријават, па дури потоа да се избира кој ќе го добие статусот. Владта мора да го забрза ова доколку сака повеќе стратешки инвеститори“, велат нашите соговорници.

Инаку, јавниот повик се објавува согласно Законот за стратешки инвестиции, а во него се уредени критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата, со цел да поттикнување, привлекување и создавање услови за спроведување на стратешките инвестиции.

Како што и во самиот оглас е наведено, за стратешки инвестиционен проект се смета проект кој исполнува една или повеќе цели од следниве - реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село. 

За стратешки инвестициони проекти се сметаат и проектите реализирани во рамките на договори меѓу држави, проекти кои се спроведени и финансирани во соработка со Европската Унија, Министерскиот Совет на енергетска заедница, како и оние со меѓународни финансиски институции, каде носител на инвестицијата е орган на државна управа, јавни претпријатија основани од државата или општините, како и трговски друштва кои се во целосна или во сопственост на државата и на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. 

Услови што треба да се исполнат се прво предложените инвестиции да мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на земјава, предложените инвестиции не смеат да бидат спротивни на Уставот, законите и обврските коишто произлегуваат од меѓународни договори, и, јавните стратешки проекти мора да бидат во согласност со стратешките приоритети на Владата. Статусот на стратешки инвестиционен проект може да се утврди за проекти во следниве области: енергетика со инфраструктура, транспорт и телекомуникации, туризам; преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанствоз прехранбена индустрија, здравство, индустриски и технолошки паркови и слично.

Проектот може да не е и ништо од ова, но ако инвестицијата надминува 150 милиони евра, таа може да конкурира за стратешки инвестициски проект.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката