26 Април, 2024
0.0288

Од Република Српска и Србија стигнаа реакции по пресудата за Караџиќ

Објавено во: Балкан 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Откако беше објавено дека првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ е осуден во Хаг на доживотен затвор, политичарите од Република Српска се јавија со реакции. 

Претседавачот со Претседателството на БиХ Милорад Додик денеска изјави дека пресудата за првиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ е прилично арогантна и цинична и е дел од порамнување на сметките меѓу претходните пресуди на Хашкиот суд. 

Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ изјави дека пресудата за првиот претседател на РС Радован Караџиќ, нема, ниту може да има политички последици за РС.

Таа изјави дека се утврдува само индивидуална вина и дека во никој случај не се однесува на цела РС, ниту за нејзината иднина.

„Но, постои тој горчлив вкус и оправдана недоверба која постоеше и претходно кон судењата на Хашкиот трибунал“, рече Цвијановиќ и додаде дека тоа не придонело за подобри односи во БиХ.

Таа додаде дека „имајќи ги предвид претходните пресуди на Хашкиот трибунал, можела да се очекува и денешната за Караџиќ“.

Поединци, претставници на разни организации и политички партии од Србија реагираа на пресудата со која Радован Караџиќ е осуден на доживотна казна затвор.

Босанската новинска агенција Фена пренесува дека поранешниот српски обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека доживотната пресуда за Караџиќ е поправедна од претходната.

„Јас како професионалец не очекувам казната да биде помала или поголема, туку праведна“, рече Вукчевиќ.

Белградскиот адвокат Тома Фила изјави дека пресудата за Караџиќ е лоша за него, но оти со неа „барем е отстранета идејата за Србите како геноциден народ“.

Основачката на Фондот за хуманитарно право Наташа Кандиќ оцени дека пресудата е очекувана и оти би требало да помогне во тоа таквите работи од минатото никогаш повеќе да не се повторат.

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави главниот обвинител Серж Брамерц.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син