29 Јуни, 2024
0.7017

Од што онеме ревизорот по увидот во книгите на „Македонски шуми“?

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија нема катастар на шуми, а ЈП „Македонски шуми“ по 20 години постоење и работење не направило попис на државното шумско богатсво во земјава!!! Дали ова е параван зад кој се крие шумската мафија во земјава? Зошто никој не востановил шумски катастар и оставил „Македонски шуми“ 20 години да не може да направи попис на шумскиот фонд? Има ли поголем скандал ова?

Независниот ревизор што направи ревизија на финансиските извештаи за работењето на ЈП „Македонски шуми“ за 2015 година и за 2016 година се воздржа од давање мислењепишува во нивниот извештај наменет за сопственикот на ЈП „Македонски шуми“ односно Владата на Република Македонија и поконретно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како ресор директно надлежен за работата на ова државно претпријатие. Извештаите од работата на независниот ревизор за 2015 година и за 2016 година „Фактор“ ги побара од актуелното раководство. Воедно на наше барање беа испратени и годишните извештаи за работа на друштвото за 2015 и за 2016 година.

Помеѓу бројните дилеми за работењето на ЈП „Македонски шуми“ во 2015 и во 2016 неколку заради кои независниот ревизор се воздржал од давање мислење има неколку кои се нависнита зачудувачки.

Никогаш не е направен попис колку државна шума има Република Македонија!???

Претпријатието никогаш до сега не направило попис на државните шуми со кои располага, утврдил ревизорот во своите забелешки. Само за да стекнете поцелосна слика ЈП „Македонски шуми“ постои 20 години – формирано е 1997 година. Членот 77 став 2 од Законот за шумите (според извештајот на ревизијата) предвидува задолжително правење попис секоја година и негово задолжително доставување до Министерството за земјоделство. Зошто никој од Министерството не барал да се направи попис?

Зошто не е воспоставен катастар на шуми?

Во нашата земја 27 години од нејзината независност до сега не е воспоставен Катастар на шуми. Во член 77 став 1 од Законот за шуми е уредено Катастарот на шуми да го воспостави органот надлежен за работите во шумарството. Зошто досега нема катастар за шуми? Ова прашање „Фактор“ го постави на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и доколку добиеме одговор ќе го објавиме во целост. Во извештајот на ревизорот пишува дека ЈП „Македонски шуми“ не може да направи попис заради тоа што нема шумски катастар.

Сечата не се евидентира и не влијае врз вредноста на шумите??!!!!!

Во извештајот ревизијата објаснува дека се воздржува од мислење меѓу другото и заради тоа што кај шимите не се евидентира никакво намалување на вредноста како резултат на сечата. Цитираме„ Во финансиските извештаи на претпријатието не е воспоставена поврзаност меѓу биолошките средства – шумите како извор на граѓа и производство во кое дрвната маса се преработува и финишира во готов производ. Напротив кај шумите не се евидентира никакво намалување како резултат на сеча , а влезот во производство во тек се евидентира по плански цени кои во себе не ја содржат вредноста на дрвната маса од сеча. Поради наведеното вредноста на шумите перманентно се зголемува, а залихите на производство во тек и готови производи се евидентираат по нереално искажани вредности.

Во својот извештај и за двете години ревизорите потенцираат дека претпријатието вредноста на државните шуми ја утврдува врз основа на Правилник за содржина на посебни планови за стопанисување со шуми, посебни планови за одгледување и заштита на шуми и годишни изведбени планови. Меѓутоа овој Правилник во делот на вреднување на шумските насади не е усогласен со Меѓународниот сметководствен стандард 41.18 –Земјоделство (Службен весник 159/2009 година) и Закон за проценување (Службен весник 115/2010 година)

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста достави прашања на оваа тема до актуелниот менаџмент на ЈП „Македонски шуми“ и до надлежните лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност