Од следната недела исплата на осигураните депозити во Еуростандард банка
Објавено во: Економија 24 Август, 2020
Од следната недела треба да започне исплатата на депозитите во Еуростандар банка, информираат од Фондот за осигурување на депозити за Телма.
Од таму велат дека очекуваат наскоро стечајниот управник да го достави списокот на физичките и правните лица депоненти.
Исплатата ќе се врши преку четири банки, а максималниот износ, колку што е пропишан, може да биде само до 30.000 евра, додека остатокот субјектите ќе го чекаат од стечајната маса.
Еуростандард банка ја загуби лиценцата за работа со одлука на Народна банка, по што судот и определи стечај.