Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се испита работата на Јанева и нејзиниот тим
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2019
Oд ВМРО-ДПМНЕ бараат да се преиспита работењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим и да се покренат обвиненија поради сомеж за извршен криминал.
Портпаролот на партијата, Димче Арсовска изјави дека за власта беа потребни 6 месеци да сфати дека Јанева работи лошо и не треба да биде на чело на СЈО.
Во законското решение што го предлага ВМРО-ДПМНЕ се бара обвинителството суштински и физички да се одвои од судските функции.
Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска во телевизиско интервју на 24 тв изјави дека работните групи не разговарле кој ќе биде нов специјален обвинител и дека не се оптеретени дали ќе биде Катица, Фатиме, Ленче или некој трет.