09 Октомври, 2024
0.0250

ОД ВРВОТ НА ДНОТО: Маестралниот Џејми Оливер ја губи својата империја

Објавено во: Стил 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Џејми Оливер е најпознатиот светски готвач, но од 2014 година неговиот бизнис преживува многу осцилации. Од таа година тој мораше да затвори многу од своите ресторани.

Само во првите месеци од 2018 година мораше да затвори 12 ресторани со 450 вработени.

За Д-р Паола Аверска, економски експерт, лошата стратегија е „ виновникот“ за проблемите.

– Џејми го изгради брендот околу своето име, а тоа е апсолутно погрешно. Проблемот настанува во моментот кога муштеријата не може да го поврзе доживувањето во рестораните со личноста. Тие одат во рестораните на познатите готвачи со очекување дека тие лично ќе готват за нив. Кога тоа не се случува луѓето го губат чувството на поврзаност, објасни Аверса.

Самата компанија пак смета дека дел од причините за падот лежат во тоа што тие главно отвориле ресторани со италијанска храна каде што конкуренцијата е голема, а често и понудата е поголема.