„ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА АКО ИМАЛО ГРЕШКА“: Таравари за случајот на Кардиохирургија го чека извештајот на здравствениот инспекторат

Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 11:24
За починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување, рече министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми за време на Втората Ренална експертска академија што се одржува во Скопје.
Тој посочи дека сѐ уште не го видел извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот во текот на вчерашниот ден спроведе вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија - Скопје, по издадена наредба од министерот Таравари, а во врска со третманот и лекувањето на сега починатиот пациент T.A. од Скопје.
Министерот беше прашан дали ќе има санкција за Државната кардиохирургија и дали ќе се бара испитување во приватната клиника.
- Сите сме потенцијални пациенти. На сите може да ни се случи. За среќа во Македонија имаме три клиники каде што се работат вакви операции, меѓу кои, државната и две приватни.
Дозволете да го видам извештајот од ДСЗИ, одговорност секако ќе има доколку имало пропуст или грешка - одговори Таравари на прашањето, што ако денеска дојде таков пациент дали повторно ќе му се случи истото како на првиот пациент и каде да се оперира тој пациент.
Можеби ќе ве интересира
ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА: Ако мене како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лавиринти?

ТРЕБА ДА СЕ НАДОМЕСТИ И ШТЕТАТА НА БУЏЕТОТ: Стевчо Јакимовски доби затворска казна од три и пол години

ПАЛЧО НА СУДЕЊЕТО РАСКАЖУВАШЕ КАКО ГО ПОМИНАЛ ДЕНОТ КОГА ВАЊА Е УБИЕНА - тврди дека правел сѐ друго, но вели дека убиството не го извршил

„ПИШТОЛОТ КАДЕ Е НЕ ЗНАМ“: Адвокатот на Палчо, Страшевски вели дека има разлики меѓу доказите на ОЈО и одбраната

ПЕТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Еве во каква состојба се

ДВЕ ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ОД 28 И 48 ГОДИНИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР ВО ДЕПОНИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР: Полицијата ги приведе

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ СО ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА - со лажни дијагнози се „цицале“ државни пари за туѓа нега и се делеле инвалидски пензии

МВР: Директор платил сместување за 72 лица, а дошле само 48 гости

Николоски по ОАЕ, оди во посета на Обединетото Кралство
