14 Декември, 2025
0.1682

ПАЛЧО НА СУДЕЊЕТО РАСКАЖУВАШЕ КАКО ГО ПОМИНАЛ ДЕНОТ КОГА ВАЊА Е УБИЕНА - тврди дека правел сѐ друго, но вели дека убиството не го извршил

Објавено во: Македонија 23 Април, 2025 15:28

Добивај вести на Viber

Љупчо Палевски, кој е обвинет за убиството на малата Вања, на денешното рочиште раскажуваше што правел на 27 ноември 2023 година. Тој рече дека станал рано, околу 08.30 часот, што се разликува од Обвинителството, кое тврди дека во тој период веќе бил на местото „Дупки“ со обвинетите и грабнатото девојче. 

Според Палчо, тој ден работел на материјали за набавка на ирански дронови. Откако станал, рачно го запалил котелот на пелети во куќата, пристигнале материјали за 540 милиони долари, ирански пари во македонски банки, нив ги ставил на клауд и пратил пораки, налог за работа, на лицето Зоран Петковски. Како што тврди, потоа, во периодот до 10 часот шетал куче, пиел кафе и бил во банка.

„Го изнесов кучето во дворот, пиев кафе и се подготвував да излезам, читав вести и после 10 часот се упатив кон Халк банка. Напоменувам, Кешишев не беше во куќата. Помислив дека најверојатно заминал за Штип, што беше вообичаено. Се враќаше следниот ден, не беше ништо чудно што го нема. Потоа со белото ‘фиат добло’ од штабот, преку Рампа, Кисела Вода, Парламентот, Клуб на пратеници, свртев по Ленинова, па преку Буњаковец и школото Песталоци, на улицата Иван Милутиновиќ свртев десно на улицата Рајко Жинзифов и на крајот од таа улица, кон Партизанска, изгубив десетина минути да се паркирам, потоа влегов во Халк банка. Имаше гужва, работеа два шалтери. Додека чекав, се сретнав со стар познаник, Мартин Панчевски, кој го предложив за сведок, но го повлеков предлогот. Вршев плаќања за здружението Десна република, а не за партијата Десна. Платив за хост на неолку домејни кои ги поседува здружението Десна република, па платив на Васко Ристовски, сопственикот на куќата, закуп за декември 2023“, раскажуваше Палевски.

Тој тврди дека трансакциите биле во 11:30 часот и 11:44 часот, време во кое според Обвинителството, Вања е веќе убиена.

„Заминав во куќата на Кирил Крстевски Платник, каде сум роден и каде ОЈО направи претрес на 3.12.2023. Таму се задржав околу 40 минути, разговарав со моето семејство и ги платив сите обврски на фамилијата за интернет, струја, вода, телефони. Потоа заминав на Бит-пазар, спроти пазарот. На автомат на Стопанска банка извадиив 10.000 денари, за да можам да најдам и да купам грејач, за да го поправам котелот во партијата за да се пали самиот. ‘Фиатот добло’ го паркирав околу 13 часот  над пазарот, каде исто така има камери, и е јавен паркинг. Околу 13 барав грејач. Потоа, барав грејач во неколку дуќани во Чаир, не најдов и се вратив во штабот. Попладнето имав неколку состаноци со членови на партијата и вечерта околу 12 ми заврши работниот ден и легнав да спијам. Тоа е мојот ден од будење до заспивање на 27 ноември 2023 година“, рече Палевски.

Тој рече дека убиството на Вања ќе остане неодгатнато.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија