17 Јануари, 2025
0.0269

ОДЛУКА: Македонија ќе добие национален авиопревозник!

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Македонија одново ќе добие национален авиопревозник, одлучила Владата на синоќешната седница. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Владата одлучила да го испита интересот кај меѓународни светски авиокомпании да воспостават своја база во земјава. „Прв чекор е дека ќе направиме испитување на пазарот во соработка со консултант, значи првиот чекор е ангажирање на консултант, кој ќе не води во оваа целокупна постапка, најнапред да се испита интересот на светски познати авио компании да воспостават база тука во Македонија. Второ, заедно со владата да ги ставиме на хартија сите оние услови кои може владата да ги понуди. На пример, дополнителни субвенции, специјално најдобрите линии да бидат резервирани за тој авио превозник и други поволности што владат би можела да ги понуди. И потоа, кога ќе направиме еден таков пакет, кога ќе се направи целосна анализа, предвидено е да се направат неколку роад шоуа, каде што тој пакет како можност за воспоставување на база во Македонија ќе се понуди до поголем број светски познати авиокомпании, европски и надвор од Европа. Врз база на тоа ќе видиме дали има интерес. Доколку има интерес потоа би распишале постапка“, најави Јанакиески во Дневникот на МТВ. Според него, националниот авиопревозник ќе значи нови вработувања, флота на авиони која постојано ќе биде стационирана во Македонија, нови директни линии од Скопје кон главниот аеродроми. За потребата Македонија да има национален авиопревозник неодамна се огласи и концесионерот на двата аеродроми во земјава, првиот човек на ТАВ Холдинг Сани Шенер. Тој смета дека за дополнително да се развие аеродромот „Александар Велики“, неопходно е Македонија да има национален авиопревозник. „Во моментот таа улога ја играат „Туркиш ерлајнс“, кој лета 14 пати неделно на релација Скопје – Истанбул, и нискотарифната „Виз ер“, која лета директно од Скопје до многу европски градови. Но законите наметнуваат посебни правила кои мора да се исполнат за да еден авиопревозник добие статус на национален. Ние инвестиравме во аеродромите, сега некои бизнисмени мора да се осмелат да формираат и да финансираат национален авиопревозник“, вели генералниот извршен директор на ТАВ. Во последниве две децении се појавија и исчезнаа повеќе авиокомпании кои летаа под македонско знаме. Некои по кратко, некои по подолго функционирање. Пионер во македонската авијација беше Палер, а подоцна и Авиоимпекс, две компании кои за жал останаа запаметени по двете авионесреќи што се случија на македонско тло за една година. Најдолго функционираше МАТ кој и покрај договорите за редовен национален авиопревозник и долгогодишната монополска позиција не успеа да опстои и пред пет години ја загуби дозволата за летање.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби