19 Мај, 2024
0.0266

ОДЛУКА НА 5 ДЕКЕМВРИ - ЗЕЛЕНСКИ: Цената на руската нафта треба да биде меѓу 30 и 40 долари за барел

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Цената на руската нафта што пристигнува по море треба да биде ограничена на 30 до 40 долари за барел, што е пониско од нивото предложено од Групата седум (Г7), изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Владите на Европската унија кои се обидуваат да ја ограничат способноста на Москва да ја финансира војната во Украина без да предизвика шок во снабдувањето со нафта се поделени околу притисокот на Г7 да го постави плафонот од 65 до 70 долари за барел, објави Ројтерс.

Одлуката треба да стапи во сила на 5 декември.

- Лимитот што се размислува денеска, околу 60 долари, мислам дека е вештачка граница - рече Зеленски на прес-конференцијата.

Според него, санкциите треба да бидат многу ефективни за Русија да ги почувствува, така што границата е на ниво од 30 до 40 долари за барел.

Идејата зад ограничувањето на цената на нафтата е да се забрани превозните, осигурителните и реосигурителните компании да ракуваат со руската сурова нафта ширум светот, освен ако не се продава по цена пониска од цената што ја поставија Г7 и нејзините сојузници, соопшти агенцијата.

Полска, Естонија и Литванија се за многу пониска плафонска цена од 65-70 долари за барел, додека Грција, Кипар и Малта сакаат повисока плафонска цена, наведува Ројтерс.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа