Одобрен договорот, Велика Британија ќе излезе од ЕУ
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2018
Велика Британија излегува како членка од Европската унија на 29 март следната година со постигнат и усвоен договор со лидерите на 27 земји денеска на вонредниот самит, објави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер.
Преговорите траеја 18 месеци со покренувањето на прашањето за Членот 50 од страна на Лонодон, во пресрет на референдумот во 2016 година.
Според премиерот на Луксембург Хавиер Бетел, и ЕУ и Британија направиле отстапки пред постигнувањето на договорот..
Шпанија вчера се договори со ЕУ за Гибралтар, што беше најголема пречка за обезбедување консензус при гласањето, со што се отвора патот за непречено одржување на денешната средба на врвот во Брисел.
Сепак, обезбедувањето мнозинство во британскиот парламент ќе биде тешко и неизвесно, бидејќи помалиот коалиционен партнер - Демократската унионистичка партија (ДУП),