18 Мај, 2024
0.0309

Одземен мобилниот телефон на обезбедувачот кој лажно пријави дека има бомба во Сити мол

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Одделението за насилен криминал до Јавното Обвинителство поднесе кривичнa пријавa против П.Ц.(20) поради лажното пријавување за бомба во Сити мол, по што скопскиот шопинг-центар мораше да биде евакуиран од страна на полицијата.

„Пријавениот, вработен како обезбедување во Трговскиот центар „Сити Мол“ преку агенција за обезбедување, на 29.01.2020 во 11.53 часот, додека бил на работа, со намера да се пошегува со својот претпоставен, од својот мобилен телефон му испратил порака „напуштете го молот веднаш, има бомба!“. Веднаш потоа, неговиот претпоставен пријавил во полиција и била организирана евакуација на трговскиот центар, а екипа од Одделот за антитероризам при МВР извршила пребарување и проверка на целиот објект, при што било утврдено дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односно дека станува збор за лажна дојава“, се вели во соопштението на МВР.

Истиот ден, во просториите на Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле разговор со пријавениот и од него бил одземен мобилниот телефон како доказ.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му се одредени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. 


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза