Официјално ЕП бара Орбан да го екстрадира Груевски
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2018
Двата амандмани со кои се бара Унгарија да го екстрадира бегалецот Никола Груевски наидоа на поддршка од европратениците, а амандмани беа поднесени од Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена .
Како што пренесуваат дел од медиумите,.Социјалдемократите поднеле два амандмани за азилот на Груевски, а и двата беа усвоени денеска. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил "транспарентен судски процес" потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.
Европскиот парламент ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот "македонски" од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот.