Официјално: ЕВН Хоме ќе купува струја од ЕСМ по иста цена
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2025 14:04
ЕВН Хоме на тендерот за набавка на електрична енергија на регулираниот пазар за домаќинства и мали потрошувачи и за периодот јули-декември 2025 ќе купува струја од АД ЕСМ по иста цена како и досега.
Купопродажната цена на електрична енергија останува 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини, соопшти универзалниот снабдувач.
- Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметр, објави компанијата.
По ова не се очекуваат промени на крајната цене по која ќе им се фактурира на потрошувачите. Тука влегува уште и цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на операторот на дистрибутивната мрежа ЕВН Електродистрибуција.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




