20 Декември, 2025
0.0404

ОФИЦИЈАЛНО: Еве колку ќе чини „винетка“ во Бугарија од 2016 година

Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2015 14:33

Добивај вести на Viber

97 лева ќе чини годишната винетка за автомобили за 2016 година. Ова го одлучи Владата Бугарија на денешната седница, соопшти министерот за регионален развој и урбанизам Лилјана Павлова. Веќе 4 години цената на винетка не е променета и годишната досега изнесуваше 67 лева.

Неделната винетка за патничките автомобили ќе чини 15 лева (450 денари) а досега изнесуваше 10 лева. Месечната винетка поскапува од 25 на 30 лева догодина, стои уште во одлуката. За тешки возила до 12 тона винетката ќе чини од 1340 лева до 1743 лева во зависност од евро сертификатот.

Сите винетни налепници, купени во оваа година, ќе важат, како и досега, до крајот на јануари 2015 година. Новите цени стапуваат на сила од почетокот на следната година, но налепници може да се стават дури од февруари.

На седницата денес беше прифатен предлогот за воведување на мешан систем за плаќање на републиканските патишта - винетки за патничките автомобили до 3.5 тони, и систем за плаќање патарина според километражата за возилата со поголема вкупна маса.

Такса за патарина ќе биде воведена од 2017-2018 година, но само за возилата над 3,5 тони, соопштила уште Павлова. За лесните автомобили ќе остане системот со винетните налепници.

Во моментов годишните приходи од винетки се околу 200 милиони лева а извештајот на Светската банка покажува дека се потребни барем 1 милијарда лева годишно, кои ќе се инвестираат во патната мрежа, за да биде таа во нормална состојба. "Со оглед на фактот дека патниот сектор е недофинансиран и патиштата се во лоша состојба, бевме принудени да ја зголемиме винетнната налепница, а во подоцнежна фаза да воведеме и патарина за давачките, за да може плаќањето да е во зависност од тоа кој колку вози" додаде таа.

"Ако сакаме патишта во добра состојба, треба да се инвестира, кој ги користи треба да си плаќа", категорична беше Павлова. Повеќето регистрирани автомобили во тековната година се еден од предусловите за зголемувањето на цената на винетки.

Се очекува приходите во 2016 година да се зголемат со 73,5 милиони лева.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај