Добивај вести на Viber
На оглас се бараат компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија, објави Министерството за транспорт и врски.
Огласот е објавен од страна на Европската комисија, која ја финансира реконструкцијата на железничките станици Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.
Избраните компании ќе треба да извршат целосно реновирање и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт (јавен и индивидуален).
Краен рок за доставување на понудите од заинтересираните компании е 30 септември во 12:00 часот.