„Огнена топка“ падна во една земја
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2018
„Огнена топка“ е забележана над Перу деновиве, и таа е дел од сателит кој паднал на Земјата.
Перуанските воздушни сили брз го откриле изворот на пламенот, а како предмет го пронашло локалното население, близу границата со Боливија.
Граѓаните брзо ги информирале воздушните сили за оваа појава.„Според првите резултати на анализа, ова би можело да биде резервоар за гориво на искористен сателит. Искористени сателити се оние кои престанале да работат и се нарекуваат вселенски отпад“- рекол командирот Педро Палза.
Предметот е во форма на круг и е направен од некој вид на метал. Создал ефект на огнена топка при влез атмосферата.
Полицијата ги предупредила и луѓето да не го допираат, затоа што може да биде радиоактивен.