04 Мај, 2024
0.0262

Охридска банка планира голема петгодишна офанзива на македонскиот пазар

Објавено во: Економија 08 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Охридска банка го претстави амбициозниот петгодишен план со кој планира раст на кредитирање за 40 отсто, раст на добивката секоја година, а во 2025 до 10 милиони евра., раст на нето приходи од камати за 38 отсто, раст на депозити о на приходи од провизии како дел од групацијата на „Шпаркассе банк“ на македонскиот пазар  

Среднорочната планирана иднина покажува дека плановите и очекувањата се големи и се реални ако се знае дека станува збор за голема регионална банкарска групација која годинава што иде на нашиот пазар ќе обедини две деловни банки.

Станува збор за една од петте најголеми домашни банки, која планира во наредните четири години да ја зголемува добивката (пред оданочување) во континуитет, а таа во 2025 година треба да достигне 10,9 милиони евра што би било повеќе од двојно во однос на планираната за 2021 година  за кога би требало да достигне 4,6 милиони евра.

Главните извори на пари ќе бидат „нето приходите од камати“. Тие за годинава се очекува да бидат 16,4 милиони евра, а за пет години од сега (2025 година) се проектирани да пораснат до 22,6 милиони евра. Нето приходите од провизии остануваат како втора најголема приходна ставка и тие до 2025 година се очекува да стигнат до 7,3 милиони евра од сегашните (за 2020 г.) кои се реализираат на ниво од 3,9 милиони евра.

Најавено е и зголемување на платите на своите вработени. Имено буџетот за плати годинава е 5,4 милиони евра, за до 2025 година постојано да расте и тогаш да достигне 6,6 милиони евра. Општите и административните трошоци на банката за до 2025 година треба да пораснат за 3 милиони евра, односно до 14,7 милиони евра во 2025 година.

Се очекува резервациите од деловните зафати од сегашното ниво од 34,2 милиони евра да нараснат до 56,8 милиони евра на крајот на 2025 година.

Одобрувањето на кредити за пет години треба да достигне 759,3 милиони евра што е за 216 милиони евра повеќе од годинава.

На страната на депозитите вкупното конто ќе биде 472,3 милиони евра, а за пет години линеарно треба да расте и да достигне 681,9 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?