Добивај вести на Viber
Најголемиот воден тобоган во светот го носи името Verrückt и е повисок од Нијагарините водопади и Статуата на слободата. Авантурата спуст по оваа атракција трае 18 секунди, а за да имаат среќа да ја доживеат возбудата на нејзините екстремни 51,38 метри, ентузијастите треба да се искачат прво 264 скали.
Тобоганот, чие име значи "луд" на германски, официјално беше прогласен за највисок во светот во април оваа година.
Тој беше тестиран за првпат од Џеф Хенри, аквапарк иноватор, и од инженерот Џон Скули.
"Џеф и јас први се пуштивме низ оваа авантура. Не можеш да ги пуштиш луѓето по нешто што си го дизајнирал, без да си спремен ти самиот да го направиш тоа", категоричен е Скули.
Како што изгледа, туризмот насочува поглед кон најголемите туристички атракции.
Дубајскиот Mall of the World претендира да биде едно од најпосетените од туристички места. Тој ќе се простира на огромна површина, на која ќе има продавници, места за јадење, ресторани, здравствени установи и културни центри.
Проектот подразбира создавање на трговски комплекс и е во вредност од 6,8 милијарди долари. На местото ќе има хотел и станбена зграда. Тој ќе располага со најголемиот во светот затворен парк и со огромен СПА центар.
Овие проекти се уште еден чекор кон иднината и сигурно ќе дадат поттик на туризмот.
К.К.