19 Мај, 2024
0.0288

ОХРИД ТАГУВА: ПОЧИНА ВЕНКО ШАПКАР: Охриѓани го паметат како хуманист, бизнисмен и голем општественик

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Вчера на Петровден по кратко боледување на седумдесет годишна возраст почина познатиот охридски бизнисмен, хуманист и општественик Венко Шапкар.

Венко Шапкар низ својот живот и својот работен век се истакна како човек кој оствари значајни резултати во бизнисот на меѓународна сцена, соработувајќи на повеќе континенти, во години кога македонското стопанство тешко функционираше на Балканот. Венко Шапкар ќе остане запаметен и како мецена на охридскиот спорт, хуманист, донатор, и промотор на Охрид пред луѓе од светскиот бизнис, објави Охрид1.

Венко Шапкар ја основа и успешно ја водеше компанијата АМАК СП , која по 2000-та година беше столб на локалното стопанство во Охрид вработувајќи над 900 луѓе и работејќи со над 100 локал ни добавувачи од овој дел на Македонија. Во тој период кога туризмот беше сведен на најниски гранки, а фабриките во Охрид беа уништени, Шапкар успеа да воспостави релации со компании од Америка и Русија и да изгради мостови на соработка кои овозможуваа милионски извози , со што АМАК СП стана единствена охридска компанија која се наоѓаше во првите 100 најуспешни фирми во Македонија, и беше еден од најголемите извозници.

Шапкар градејќи деловни и лични реалции со сосптвеници и менаџери на светски компании, низ годините работа донесе и угости во Охрид десетици, ако не и стотици луѓе од светскиот бизнис, но и луѓе од светската култура , уметност, спорт и естрада, па така компанијата АМАК СП речиси постојано беше домаќин на ваква категорија на гости, кои престојуваа во Охрид и покрај деловните состаноци, остануваа по неколку денови како гости на компанијата да го разгледуваат и да се запознаваат со природното, културното и кулинарското богатство на нашиот град.

Јавноста во Охрид беше пријатно изненадена кога во 2005 година, Венко Шапкар прифати да биде спонзор на театарска претстава во која настапуваа охридски актери кои во тој период немаа ангажман бидејќи Охрид ( градот на културата и писменоста ) во тоа време немаше свој театар, па така тој исфинансира една театарска претстава која имаше неколку изведби. Со тоа на еден најпрефинет начин се актуелизира овој проблем, а јавноста се „крена на нозе“ по што Охрид конечно после половина век доби свој градски театар.

ФОТО: Прнтскрин фејсбук


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“