ОЈО ги отфрли обвинувањата дека врши политичка хајка врз МИТ
Основното јавно обвинителство – Скопје ги отфрли сите обвинувања и шпекулации за политички мотиви на своето постапување изнесени од лица кои се предмет на истрагата.
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Јавно обвинителство денеска излезе со соопштение во кое вели дека по обезбедена наредба од судија на претходна постапка од надлежниот суд, преку припадници на МВР вршеле претреси на повеќе локации, вклучувајќи и еден Универзитет, а со цел прибирање на релевантна документација, податоци и други предмети, кои ќе се користат како докази во кривична постапка“, се вели во денешното соопштение на ОЈО.
Според нив, до Државниот просветен инспекторат биле поднесени 20-тина претставки од студенти на Универзитетот, кои потекнуваат од Република Турција. Реакции имало и од Амбасадата на Република Турција во Скопје, а во врска со студирањето на одделни факултети за кои Универзитетот нема добиено акредитација или дозвола за работа од Министерството за образование и наука.
Во претресите извршени во координација со Министерството за внатрешни работи, од просториите на Универзитетот и приватни објекти на лица вработени во него одземени се компјутери, компјутерски податоци и друга многубројна релевантна документација.
Првичните сознанија на Обвинителството упатуваат на тоа дека на Универзитетот биле запишувани поголем број студенти на факултети за дентална медицина, козметологија и физиотерапија. Со проверка е утврдено дека оваа високообразовна институција не поседува дозвола за работа за Факултет за дентална медицина, додека за Факултет за козметологија и физиотерапија нема ниту дозвола, ниту акредитација, велат од ОЈО.
За студентите кои биле запишувани да студираат на овие факултети во факултетската документација се водела паралелна евиденција – покрај онаа за коресподенција со студентите, друга за отчет пред државните институции.
Со цел да не се попречи работењето на Универзитетот и правото на студирање на студентите запишани на оние факултети за кои Универзитетот поседува акредитација и дозвола за работа, Обвинителството уште денеска, по преземени неопходни дејствија, ќе ја врати компјутерската опрема во оваа високообразовна институција.
Основното јавно обвинителство – Скопје ги отфрли сите обвинувања и шпекулации за политички мотиви на своето постапување изнесени од лица кои се предмет на истрагата.
Сопственичката на МИТ Универзитетот, Билјана Апостолова во денешната изјава за медиумите повторно го обвини поранешниот премиер, Никола Груевски дека бил запознаен со проблемите со акредитацијата, како и со притисоците кои ги вршеле Оливер Аноднов и Спиро Ристовски за универзитетот да не ја добие истата.
Таа истакна дека освен тоа, во писмата и пораките то Груевски навела и за проблемот со Науноски, дека малтретира студентки и колешки.