16 Јануари, 2025
0.0286

ОЈО ја истражува смртта на Крпач - мобилниот не успеале да го декодираат

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Мобилниот телефон „сони“ на Коста Крпач според јавното обвинителство, ниту еден домашен експерт не успеал да го „отвори“, да го декодира за да може ОЈО да види со кого Крпач комуницирал.

Крпач кој беше сопственик на фирмата Финзи која во име на УБК купила прислушна опрема од Велика Британија се самоубил, но не се знае кој му се заканувал после полицискиот претрес кој бил извршен во неговиот дом на 6 април годинава, велат од Основното јавно обвинителство (ОЈО). 

Истрагата открила дека на 7 април бил повикан на сослушување во СЈО, каде тврдел дека некој му се заканува.

Обвинителството тврди дека СЈО досега дало одредени податоци, од кои дел биле проверливи, а дел непроверливи. Инсистираат СЈО да ги достави и бараните податоци од Записникот.

Во досегашната истрага Обвинителството испитало 19 лица, од кои 10 се овластени службеници во МВР, а 9 лица поврзани со Крпач, вклучително и бизнис партнери, чии имиња не ги соопштуваат. Сведочела и сопругата на Крпач која кажала за настанатите промени во неговото расположение, но не дала исказ дали и какви закани тој трпел. Сведочел и сопственикот на комбето кое за време на инцидентот било паркирано спроти зградата и било заклучено дека нема никаква поврзаност со самоубиството.

Коста Крпач беше пронајден мртов во неговиот стан на 27 април.


Можеби ќе ве интересира

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата