14 Мај, 2024
0.0233

ОКТА ги пренамени новогодишните корпоративни подароци во донација за две посебни основни училишта

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Сите средства наменети за корпоративни подароци, компанијата ОКТА ги искористи за набавување логопетски сетови за посебните основни училишта Иднина и Златан Сремец. Со тоа, компанијата ја продолжува традицијата во претпразничниот период со соодветна донација да ги помогне училиштата каде се згрижени деца со посебни потреби.


Донираните сетови содржат елементи за аудио и визуелен третман со дигитална компјутерска поврзаност што е од голема важност за развој и третман на оваа категорија деца. Од училиштата ја поздравуваат донацијата објаснувајќи дека логопетскиот сет е неопходен за терапија на говорот кај децата во развоен период и во третирање гласови, зборови, реченици и содржина на текст. Со овој вид третман се опфаќаат сите категории попреченост во развојот на ученици со интелектуална попреченост, мултихендикеп и аутизам. Со редовен и технички поддржан третман кај децата во развојниот период, резултатите може да бидат исклучително позитивни во експресивниот говор.


Од компанијата изјавуваат дека со оваа донација веруваат дека значајно ќе придонесат во унапредување на едукативниот и развоен процес кај децата од овие две училишта.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН