04 Мај, 2024
0.0245

ОКТА изгуби 220 милиони евра приходи за 3 години

Објавено во: Економија 22 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Менаџерите на ОКТА со дипломатски речник својата конкуренција jа опишуваат како „опортунистичка“, но не наведуваат каде завршиле над 200 милиони евра за овие три години. Единствената македонска рафинерија ОКТА изгуби 14,16 милијарди денари (околу 220 милиони евра) приходи за период од три години, покажуваат официјалните податоци од билансите на таа компанија. Минатата година компанијата ја завршила со приходи од 26 милијарди денари (околу 435 милиони евра) што претставува намалување од над 215 милиони евра во споредба со 2011 година кога приходите на ОКТА изнесувале над 650 милиони евра. Овие пари многу веројатно завршиле кај други продавачи на големо на нафта и нафтени деривати во земјава од проста причина што побарувачката за нафтени деривати не се намалила низ годиниве што се предмет на споредба. Менаџментот на ОКТА во годишниот извештај за 2013 година многу дипломатски и со одбрани зборови како главна причина на домашно ниво за падот на приходите ја посочува таканаречената „опортунистичка увозна конкуренција“. Својата опортунистичка конкуренција менаџментот на ОКТА ја квалификува со следниве атрибути: „Под услови на моменталната законска рамка, многу е лесно за еден субјект да добие дозвола за увоз на нафтени деривати со минимални барања за капацитет за складирање, минимални безбедносни барања и ограничена контрола на увозот истовремено во однос на квалитетот и на кванитетот“. Понатаму од ОКТА објаснуваат дека ова резултирало со жестока конкурентска цена на локалниот големопродажен пазар и создало конкурентска неповолност за рафинеријата која одржувала високо ниво на залихи за своите клиенти при тоа исполнувајќи најстроги стандарди и спецификации. Досега ОКТА не објави дека поднела пријава или барање за инспекција до надлежните пазарни инспекциски органи за квалитетот на горивата што ги продава нивната конкуренција ниту пак поднела барања за сомнеж во шверц со нафта и деривати. Воедно ОКТА досега не известила дека поднела претставка до Државната Комисија за спречување на конкурентноста (т.н. Антимонополска управа) дека има пазарни нарушувања со неконкуретни елементи. Само за потсетување и менаџментот на „Макпетрол“, најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати, во годишниот извештај од 2013 година директно посочи за шверц со нафтени деривати и нелојална конкуренција во сегментот на малопродажба на деривати и на нивниот увоз. Во таа прилика редакцијата на „Фактор“ бараше дополнителни појаснувања од менаџментот на таа компанија, но дури и по десетина дена чекање менаџерите на „Макпетрол“ не најдоа за сходно да објаснат дали поднеле барања до надлежните инспекциски органи и до МВР и Царинската управа за да се испита дали има шверц и појава на неквалитетни нафтени деривати на македонскиот пазар. Досега по ова прашање владее потполн молк од сите страни. Ниту надлежните инстанци за спречување на нарушување на конкурентност, ниту пазарната инспекција, ниту МВР ниту Царинската управа или Министерството за економија не реагираат за да соопштат дали превземале нешто по наводите од годишните извештаи на „Макпетрол“ и на ОКТА.

 Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?