19 Мај, 2024
0.0285

ОКТА ја започна 2017 година продолжувајќи со зголемување на профитабилноста

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ОКТА ја започна 2017 година продолжувајќи со зголемување на профитабилноста. Ова подобрување главно е резултат на зголемената продажба на домашниот пазар како и на оперативните подобрувања, остварени и покрај соочувањето со неколку надворешни негативни фактори. Компанијата уште еднаш се докажа како главен снабдувач на гориво во земјата, особено во текот на екстремната ситуација во месец февруари 2017 година, кога јужната граница беше блокирана 20 дена. ОКТА успешно ја надмина логистичката криза предизвикана не само од блокадата на јужната граница, туку и исклучително студеното време и обилните снежни врнежи во првиот квартал од 2017 година. 

Прилагодената ЕБИТДА значајно се подобри во првиот квартал од 2017 година, изнесувајќи 106 милиони денари, наспроти 81 милион денари за истиот период измината година. Добивката пред оданочување достигна 22 милиони денари, наспроти 17-те милиони денари за првиот квартал на 2016 година. 

Почетокот на 2017 година беше одбележан со започнување на новата општествено одговорна кампања за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот. Со оваа кампања ОКТА очекува да придонесе за создавање на позитивна и одржлива култура за побезбеден сообраќај. Надградувајќи ја својата долгогодишна соработка со општина Илинден, ОКТА се приклучи на проектот “Со зеленило против загадувањето”. Покрај тоа, компанијата останува посветена кон унапредување на идните генерации, нудејќи стипендии за постдипломски студии во Грција. 

ОКТА ќе продолжи да ги реализира своите цели и да ги искористува можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност. 

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата