19 Јануари, 2025
0.0293

ОКТА ќе биде покровител на хуманитарниот фестивалски ден на „Златно славејче 2013“

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Од 15-ти до 20-ти ноември ќе се одржи 43-тото издание на Фестивалот за деца „Златно славејче“ на кој традиционално првиот фестивалски ден ќе биде хуманитарен и посветен на децата без родители и децата со посебни потреби. Оваа година покровител на хуманитарната претстава ќе биде компанијата ОКТА која на 15 ноември ќе собере на едно место повеќе од 700 дечињата од различни посебни основни училишта и институции. „ОKTA како компанија која се грижи за среќата на децата повеќе од 10 години е пријател на „Златно славејче“. Оваа година решивме да одиме чекор понапред и да бидеме главни покровители на хуманитарниот фестивалски ден и да споделиме со овие дечиња весели моменти на игра, детска песна и смеа. Се надеваме дека овој настан ќе им остане во убаво сеќвање, а ние како компанија ќе се потрудиме ова да прерасне во традиција за да имаме можност и во иднина да се дружиме со нив“, изјави г. Виктор Папаконстантиноу, главен извршен директор на ОКТА . ОКТА ја препозна уметничката и воспитно-образовната функција на овој реномиран фестивал на детска мелодија и како компанија со голема општествена одговорност уште еднаш ја покажа својата хуманост, подавајќи ја раката на најранливата група на дечиња во земјава. ОКТА како најголема компанија во земјава ќе продолжи и во иднина да се грижи за општеството, посебно за децата, здравјето и средината. Оваа година хуманитарната акција на ОКТА ќе биде посветена на следните училиштата и институции: Посебните основни училишта:,,Иднина“ и „Д-р Златан Сремец“ од Скопје, „Маца Овчарова“ од Велес, „Св.Климент Охридски“ од Струмица, и ,,Симче Настески,, од Тетово, потоа Заводите за рехабилитација ,, Топанско поле“ и ,,Димитар Влахов“- за слепи лица, Скопје, Заводите за згрижување ,,Ранка Милановиќ и ,,25 Мај“ , децата од СОС Детско село и од Домот за деца без родители ,, 11 Октомври“ и многу други.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ