18 Мај, 2024
0.0266

ОКТА – Значително подобрување на резултатите од вториот квартал на годината

Објавено во: Економија 27 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Успешната имплементација на комерцијалната стратегија и стратегијата за работен капитал ја подобрија профитабилноста на ОКТА, истовремено и нејзината ликвидност, додека компанијата продолжи да го зголемува нејзиниот удел на домашниот пазар. Оперативниот профит во вториот квартал на 2014 е подобрен во споредба со првиот квартал, пред се поради зголемениoт волумен и маржа на домашниот пазар, како и пониски оперативни трошоци. Истовремено, извозот се стабилизираше во вториот квартал на повисоко ниво во споредба со првиот квартал од 2014 година, и покрај поинтензивната конкуренција на косовскиот пазар. Како резултат на горенаведеното, прилагодената ЕБИТДА се зголеми на 74 милиони денари во вториот квартал на 2014, четири пати повисока отколку истиот период изминатата година. Ликвидноста на ОКТА на крајот на вториот квартал од 2014 значително е подобрена, со расположливи средства кои ги надминуваат позајмиците за 128 милиони денари. За време на вториот квартал од 2014 компанијата скоро ја комплетираше, со голем успех, Програмата за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини, која достигнува вкупна вредност од 224 милиони денари.

”ОКТА и нејзините вработени направија исклучителни напори во изминатите година и половина за да ја трансформираат компанијата и да ги подобрат нејзините перформанси. Иако сеуште има планови за понатамшно подобрување, бенефитите од нивните активности позитивно ќе се одразат на финансиските резултати во 2014 година. Наш приоритет останува сигурното снабдување на нашите потрошувачи и профитабилно зголемување на нашиот удел на пазарите на кои работиме”, изјави Главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантиноу.

ОКТА продолжува да се фокусира кон општествено одговорните активности преку имплементирање на голем број на различни програми, како што е националната кампања за поддршка на Интензивното одделение на Детската клиника во Скопје, повеќе циклуси на Програмата за практикантство на  студенти , како и донации за локалната заедница.

Основана во 1980, ОКТА е една од најголемите компании во Југоисточна Европа. ОКТА останува посветена на фер и транспарентната соработка со сите нејзини партнери, добавувачи и клиенти, со цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со висококвалитетни нафтени деривати на локалните и соседните пазари и истовремено продолжува да придонесува кон општеството.

Финансиски резултати – прва половина на 2014

Значително подобрување на резултатите од вториот квартал на годината

што доведе до изедначување на профитот со трошоците, не земајќи ги предвид

еднократните трошоци

 

К2 2014

К2 2013

Во милиони денари

П1 2014

П1 2013

5.542

6.567

Приход од продажба

9.944

12.808

74

11

Прилагодена ЕБИТДА (Заработувачка пред камата, даноци и амортизација) *

41

-173

-1

-15

Прилагоден Профит пред оданочување**

-92

-347

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра