20 Декември, 2025
0.0554

ОПАСНА БОЛЕСТ УТВРДЕНА НА БАЛКАНОТ - најзасегнати се домашните животни,се преземаат итни мерки за спречување на ширење на заразата

Објавено во: Балкан 20 Јули, 2024 07:41

Добивај вести на Viber

Во две домаќинства во западниот дел на Босна и Херцеговина се откриени првите случаи на свинска чума, поради што се преземени мерки за спречување на ширењето на оваа крајно заразна болест и големи загуби за производителите.

Како што соопшти Министерството за земјоделство на Босна и Херцеговина, анализата на примероците во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево открила зараза со африканска свинска чума кај три свињи од домашно одгледување во две домаќинства во округот Западна Херцеговина. Сомнеж за болеста е пријавен од ветеринарната станица Пошушје, на подрачјето на Вињани (објект со вкупно 30 свињи чувани на отворено) и Броќанац (објект со вкупно 10 свињи).

Локацијата на потврдениот АСК во Босна и Херцеговина во населбата Вињани се наоѓа на 871 метар од границата со Република Хрватска.

Апел до сопствениците на фарми

По наодите, животните се евтанизирани и преземени се мерки за запирање на ширењето на инфекцијата од погоденото подрачје. Мерките вклучуваат попис на сите свињи во радиус од три километри од местото на заразата и забрана за транспорт и трговија со свињи.

Министерството апелираше до сопствениците на фармите да преземат мерки и да го спречат ширењето на оваа многу заразна болест за свињите, која може значително да предизвика загуби кај земјоделските домаќинства кои се занимаваат со свињарство.

Министерството за земјоделство на Република Хрватска, по добиеното официјално известување од надлежната ветеринарна служба на Босна и Херцеговина за потврда на африканска свинска чума, донесе одлука за определување зони за ограничување во радиус од 3 и 10 километри од локацијата. на потврдена појава на болеста на територијата на Република Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација