01 Мај, 2024
0.0272

Општина Центар ја руши терасата на гостилницата на Љупчо Ристовски од „Интегра“ по еден ден од изборите во Штип

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Општина Центар денеска ја отстранува летната тераса од ресторанот „Аманет“ во палатата „Емануел Чучков“. Партијата Интегра соопшти дека овој ресторан е на нивниот лидер Љупчо Ристовски и дека станува збор за реваншизам по еден ден од локалните избори во Штип.
На вонредните локални избори победи кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ, Сашко Николов, а втор беше кандидатот на Интегра, Симон Поликарп - Џими. „Аманет“ веќе соопшти дека станува збор за рушење на законски изградена тераса на Ресторанот Аманет.

„Ваквиот чин на брутална злоупотреба на овластувањето од позиции на власт, претставува чист пример на политички притисок врз лидерот на опозициската ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија, чин на политички рекет и политичка корупција од највисок вид.

Шилегов се дрзна да упати порака до Ристовски дека премногу ги критикувал СДС* и дека тој најдобро знаел зошто му се руши терасата.

Со вакво дрско и безобразно своеволие на Шилегов и на СДС*, владата испраќа порака до сите идни инвеститори дека ниту еден официјално заверен проект, издадени решенија и одобренија од официјални органи на локална управа или владата, нема никакво релевантно значење и зависат целосно од волјата на властите.

За ваквиот чин на злосторство против приватната сопственост и слободата на политичко делување на опозициски политички субјект, Градот Скопје и Шилегов лично ќе добијат тужба, покрај кривична пријава за вршење политички притисок и закани од позиција на носители на локална власт.

Нагласуваме дека СДС* и Зоран Заев, и особено Шилегов, во ништо не се поразлични од режимското владеење на Груевски, чии што експоненти денес се во затвор и кривично осудени за слични постапки на незаконито рушење за вакви или слични објекти“, гласи соопштението на „Интегра“.

Општина Центар започна со уривањето во рамките на акцијата за отстранување на нелегално поставени и изградени објекти откако на први октомври донесе решение за уривање на терасата на гостилницата во барокната палатата бидејќи, како што велат од таму, е изградена на јавна површина без дозвола и оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот. 

Инспекторите од Општината претходно му дадоа рок на сопственикот да ја отстрани во рок од три дена. Но, оттогаш поминаа месец и половина а терасата не беше отстранета.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија