26 Април, 2024
0.0410

Општина Куманово ќе се подновува со возила вредни 94 илјади евра

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Општина Куманово планира да потроши 94.000 евра за да купи службени моторни возила. Огласот е објавен, а според карактеристиките, се бара компанија од која општината со која раководи Максим Димитриевски планира да купи автомобили. 

Не се прецизира точно колку возила ќе се набават во огласот, но набавката е во множина односно стои дека ќе се набавуваат моторни возила. Преценетата вредност на договорот за набавката без ДДВ е 5 милиони и 780 илјади денари или околу 94 илјади евра.  Во огласот стои дека купувањето на стоките е со одложено плаќање. Инаку едно возило од средна класа на пазарот чини околу 20.000 евра, што значи дека ако се набавуваат такви општината ќе купи четири или пет нови возила.

Се разбира ако сакаат подобри и поскапи автомобили ќе купат или три или две.

Инаку според последните податоци кои ги објавува Министерството за финансии, а кои се однесуваат на долговите на општините и на институциите до март годинава, општина Куманово е веднаш зад топ десетте најзадолжени општини. 

Односно и припаѓа 12 место. Заклучно со третиот месец Куманово има доспеани а неплатени обврски во вредност од 84 милиони денари. Недоспеаните обврски изнесуваат 8,4 милиони денари.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра