26 Април, 2024
0.0811

Општина Тетово побара финансиска помош од Владата

Објавено во: Економија 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Општина Тетово, по завршувањето на седницата на Кризниот штаб, побара од Владата финансиска помош за јавните претпријатија и службите на локалната самоуправа во борбата со епидемијата Ковид-19.

„Бараме владата да ја разгледа можноста за усвојување на мерка за финансиска помош на јавните претпријатија основани од општината, а посебно за јавното комунално претпријатие кое во овој период има зголемен обем на работа, а намален број на приходи и да се обезбедат дополнителни средства за противпожарната единица од општина Тетово, заради фактот дека токму овие единици се максимално ангажирани на терен со дезинфицирање, чистење на градските улици, како и други активности кои произлегуваат околу справувањето со настанатата ситуација со ширење на COVID19“, гласи во еден од заклучоците на општината.

Од тестовите направени од Институтот за јавно здравје идентификуван е е случај на инфекција со COVID19, со која вкупниот број заразени досега се искачи на 30 лица. 

„Со жалење ве информираме дека денес починале двајца граѓани од општина Тетово кои претходно биле заразени со КОВИД19, со што бројката на починати лица од нашата општина се искачи на 3 лица кои претходно биле заразени со Ковид 19“, додаваат од општината која е раководена од градоначалничката Теута Арифи.

Побарано е и од Народната банка да преземе конкретни мерки за банките во Тетово да го прилагодат работното време на оваа вонредна состојба и да најдат модус за исплаќање пензиите преку пошта, така што старите лица ќе нема потреба да се собираат и групираат пред банкоматите и влезовите на банките.



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија