19 Мај, 2024
0.0330

ОПТИМИЗАМ ОД ГРЦИЈА: Димитров бара поддршка на патот кон ЕУ, Коѕиас бара да не се мешаат трети страни

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров е во Грција на средби со грчката дипломатија и министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Оваа посета побуди голем интерес и кај грчката и странска јавност бидејќи доаѓа во рамки на нова македонска влада со оптимистички дух и очекувања за наоѓање на решение за спорот со името.

Пред посетата на Атина, министерот истакна дека спорот со името денес нема да се најде на маса на разговорите со грчките дипломати а тоа го потврди и на прес конфернцијата која ја одржа заедно со Коѕиас.

За интересот за средбата на прес конференцијата посочи и грчкиот министер.

Коѕиас најпрво му посака добредојде на Димитров во Атина и изрази благодарност за поканата да го посети Скопје за да продолжат дискусиите кои ги почнале денес.

Задоволни се особено што Македонија го нашла патот кон стабилноста и посочи дека има чувство кое може да ја однесе кон подобра иднина.

Коѕиас ги пофали заложбите на новата влада и премиерот Заев и рече дека икој нема да биде позадоволен и посреќен од него, ако завршат со оваа цела приказна.

Тој рече дека се согласиле дека треба да се преземат најдобрите мерки и чекори за да се развие соработката, тука е процесот на градење мерки на доверба, а го расчистиле и прашањето за патот за пренос на нафта од солунското пристаниште. 

На денешната средба зборувале за изградба на гасовод од Грција до Скопје а разговарале за развој на железничките врски меѓу двете земји.

Коѕиас потенцираше дека предложиле напредување во градење на мерките за доверба, посистематска размена на гледишта, Грција прифатила предложена нова сесија на мерки за градење на доверба која ќе придонесе на подобро разбирање на двете држави и со кои ќе се унапреди мирот и стабилноста на балканот.

Изнесол неколку предлози за соработка и споменал неколку меѓународни иницијативи како онаа за верски дијалог во октомври 2017 година, а откри дека следната година претставник од Македонија ќе учествува на конференција во Родос.

Му кажал на Димитров и јавно сподели дека Грција цврсто го поддржува територијалниот интегритет на Македонија без интервенции на трети страни во работите на нивниот сосед (мисли на Македонија), и негов совет е да не се мешаат трети страни. Против санкции се а за Македонија имаат јасно дефинирана стратегија и не отстапуваат.

Верува дека спроведување на мерките за градење на доверба ќе доведат до фаза каде ќе се зборува за решавање на проблемот кој ја закочи Македонија на пат кон ЕУ.

„Нашиот сосед сака да биде член на повеќе регионални организации, отворени со поддршка, ама прво да се реши прашањето со името, услов на кој можеме и мораме да работиме за постигнување на компромис за двете страни за да ни помогнат на општествата дека има повеќе корист ако не се инсистира на конфликти.

Односите треба да се унапредуваат и да се негуваат“, истакна Коѕиас.

Министерот Никола Димитров пак искажа благодарност за срдечниот дочек од страна на Грција.

Тој рече дека имале отворена и пријателска средба и насамо со Коѕиас и со делегациите.

Го информирал грчкиот министер за приоритетите на новата влада, и дека се цврсто решени од тоа дали ќе се отвори вратата кон ЕУ или не, да работат на цврсти институции и владеење на правото кое ќе биде над волја на политичарите а не обратно.

Во надворешната политика цели се да се откријат приоритетите и да се поблизок пријател во непосредното и пошироко соседство во регионот.

Задача на дипломатите е да градат мостови, да отвораат врати и затоа е во прва поста на Грција.

„Преку конкретни чекори да изградиме позитивна слика во регионот. Можеме подобро сите заедно од она што го правиме на Балканот и ќе продолжиме да даваме аргументи со зборови и со дела дека е во интерес на нашиот јужен сосед ние да бидеме европска демократија што ќе влезе во НАТО и ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Убеден сум дека отворањето на патот може да помогне да се затвори главното прашање“, истакна Димитров.

Тој епитетски рече дека има чуство дека Македонија е натапкана, дека станала бетон, а за да изникне нешто мора да работат.

„Овде сум денес да барам поддршка, и помалку е важно кој ќе биде победник, од Грчката влада и јавност, во овој момент ни треба потик исправено да чекориме по патот по кој сакаме да одиме, бидејќи бевме неподвижни буквално во изминатите неколку години.

Немаме скриени агенди и сакаме да бидеме пријател со вашата земја“, е пораката која Димитров ја прати од Грција до тамошните дипломати и јавност.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје