18 Мај, 2024
0.0306

Османи најави дека француски експерти ќе ни помогнат за гаснење на пожарите

Објавено во: Македонија 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

И Франција се приклучува во гасењето на пожарите во Македонија. 

Шефот на македонската дипломатија,  Бујар Османи на својот Фејсбук профил пишува дека во ова време на предизвици, сепак убава вест претставува демонстрацијата на европската солидарност.

„По помошта од која пристигна од земјите – членки на ЕУ: Австрија, Словенија, Романија и Бугарија, како и од соседна Србија, од утре и Франција ни се приклучува во напорите за гаснење на пожарите во земјава. Утре наутро, на располагање ќе имаме тројца Генерали од пожарникарната служба на Франција, кои се едни од најдобрите експерти за високо ризични пожари. Помошта од Франција ќе биде надополнета и со високо софистицирана опрема сочинета од дронови со француски пилоти/оператори, кои многу ќе помогнат во делот на идентификување, мапирање и рано информирање на подрачјата потенцијални жаришта на пожари, како важен дел од севкупната операција за сузбивање на пожарите. Вклученоста на Франција доаѓа заради нивната висока експертиза во гасењето на вакви шумски пожари, а како резултат на успешната координација на нашата дипломатска мрежа. Солидарноста и помошта од нашите сојузници во овие кризни моменти е повеќе од добредојдена во надминување на кризата, а воедно преставува и вистински израз на европската солидарност“, пишува Османи.


Србија, Бугарија, Словенија, Австрија, Романија, помогнаа за гаснење на пожарите, а  утре и Црна Гора ќе испрати хеликоптер. 

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада