Османи најави дека месецов ќе има предлог и ќе заземaт став
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2018
Вицепремиерот Бујар Османи по средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, рече дека сега не е време да се разговара за предлози, на крајот на месецот ќе има конкретен предлог и тогаш ќе заземат став.
„Посветено работиме за во следниве шест месеци да изнајдиме решение“- рече Османи.
Тој денеска имаше и тет-а-тет средба со алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.
Османи вели дека ги решивме проблемите со Бугарија, а сега
верува дека тоа ќе се случи и со Грција. Вели дека постојат повеќе солуции, но чекаат да дојде
медијаторот Нимиц овој месец.