14 Декември, 2025
0.0543

Османи за групата од Бањска: Имаме јасни видео докази за обуката во Србија

Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2023 14:41

Добивај вести на Viber

Имаме докази дека наредбата стигнала директно од Вучиќ, вели косовската претседателка Вјоса Османи за нападот кој неодамна се случи во Бањска во северно Косово, каде загина еден косовски полицаец и четворица Срби од вооружената група. 

Османи изјави за Си-ен-ен дека Косово било нападнато. Ја повика меѓународната заедница да ѝ воведе санкции на Србија за да не се повтори анексија по примерот на Крим. Османи разговараше со новинарката Кристијан Аманпур еден ден откако интервју даде српскиот претседател Александар Вучиќ. Таа додаде дека Косово нема потврда за повлекување на војската на Србија од административната линија.

„Имаме јасни видео докази за обуката во Србија, во организација на српската војска. Оружјето кое го запленивме не е оружје кое може да го добијат обични граѓани, туку само војска“, кажа таа. 

Османи бара Белград да го екстрадира Милан Радоичиќ и останатите кои учествувале во судирот во Бањска.

Османи не ги коментираше барањата на Белград за формирање Заедница на српски општини.

Српскиот претседател Александар Вучиќ нападот во Бањска го споредува со терористичкиот напад кој косовска група го изврши во 2015 година во Куманово, каде загинаа осум македонски полицајци и вели дека тогаш немаше мудрување од ЕУ, а и албанскиот премиер Еди Рама молчеше. 

foto Facebook/Vjosa Osmani

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?