Добивај вести на Viber
Средните училишта во кои сеуште има место, утре ќе примаат документи за упис. Податоците покажуваат дека станува збор за околу 6000 осмоодделенци, кои во првиот уписен рок не успеале да влезат во посакуваното училиште.
И во текот на двете пријавувања од првиот уписен рок, интересот за средните стручни училишта бил помал од оној за гимназиите. Во вториот уписен рок остануваат околу 18 илјади слободни места. Според податоците на МОН, во јуни се запишале 16.999 средношколци.
„Квотата не се исполни во првиот уписен рок, посебно во средните стручни училишта. Поради фактот што средното образование е задолжително со закон, ние ќе инсистираме сите ученици да се запишат во средни училишта“, изјави министерот Спиро Ристовски.
Средното училиште е задолжително, а за родителите чии деца нема да се запишат, казната изнесува 1000 евра.