ОСТАНУВА СТАРАТА ДОБРА ПОСТАВА ДИРЕКТОРИ, ТИМОТ НЕ СЕ МЕНУВА - која компанија одлучи да ги реизбере истите членови на Управен и Надзорен и зошто
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2025 08:05
Адинг, реномираната македонска индустрија специјализирана за хемиски материјали наменети за градежништво, ги реизбра своите членови на органите на управување и раководење.
Односно, на врвот на Адинг и натаму остануваат луѓето кои и досега управуваа со компанијата, како членови на Управен и Надзорен одбор, но на акционерското Собрание кое се одржало пред неколку дена, тие, поради истекот на мандатот, се реизбрани со уште еден мандат од четири години.
Како што објави компанијата на берзата, на акционерското Собрание одржано на 29 мај годинава, била донесена одлука за разрешување на членовите на Надзорниот одбор од претходниот состав и избор на нови членови на Надзорниот одбор со мандат од четири години.
Односно, компанијата објави дека се избрани нови членови на НО, и тоа Раде Јанков, кој ќе биде претседател на Надзорен одбор и независен член, Александра Петровска, заменик претседател на Надзорен одбор, Александар Белев, член на Надзорен одбор и Филип Филипоски, член на Надзорен одбор.
Новоизбраниот Надзорен Одбор, по конституирањето, предложил членови на УО, со мандат од 4 години.
„На 30 мај година, новоизбраниот Надзорен одбор се конституираше и на истата седница донесе одлука со која ги предложи членовите на Управниот одбор со мандат од четири години, почнувајќи од 01 мај 2025 година“, се вели во објавата од компанијата.
Така што, како членови на УО остануваат Зоран Петровски, претседател на Управен одбор, кој е и генерален директор на друштвото, Даниел Цеков, заменик претседател на Управен одбор, заменик генерален директор, Вања Дончева Рајатоска, Горан Атанасовски и Диме Јанчев, членови на Управен одбор.
Компанијата го објави и списокот на акционери кои учествувале на седницата, а од нив најголем дел се всушност луѓето кои се членови на Управниот и Надзорниот одбор.
Заклучно со 30 мај тоа се акционерите Зоран Петровски кој поседува 8,87%, Даниел Цеков со 1,08%, Вања Дончева Рајатовска со 5,68%, Горан Атанасовски со 2,37%, Диме Јанчев со 0,09%, Раде Јанков со 1,04%, Александра Петровска за која е наведено дека нема акции, Александар Белев со 0,46% и Филип Филипоски со 2,46%.
Од јануари заклучно со март компанијата остварила одлична добивка од 680 илјади евра, што е сепак намалување за 25 отсто во однос на истиот период од минатата година.
Нето добивката на „Адинг“ лани изнесува 1,18 милиони евра што е за 532.000 евра подобар резултат од претходната година.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




