Остануваат уште два дена, 12.480 компании аплицираа за државна помош
Објавено во: Економија 05 Мај, 2020
Фатмир Битиќи, советникот во премиерскиот кабинет, додаде дека бројката на компании што аплицирале е охрабрувачка ако се знае дека до крајот на рокот за аплицирање остануваат уште три дена - денешниот, утрешен и целиот задутрешен ден (четврток) до 24:00 часот, и се очекува дека за мерката ќе аплицираат голем процент од компаниите кои ги исполнуваат условите.
„Аплицирањето за оваа мерка започна на 1-ви мај, и до сега, иако имавме празник и викенд, во Управата за јавни приходи се пристигнати нешто повеќе од 12.480 апликации“, истакна Битиќи.
Тој на прес-конференцијата уште еднаш ги повика сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до крајот на задутрешниот ден, односно до 7-ми мај.
Владата, кога ја донесе Уредбата за финансиска поддршка за исплата на платите, овозможи компаниите кои од 11-ти март до крајот на април отпуштиле одреден број работници, сега да можат да ги вратат и на тој начин да ги искористат придобивките од оваа мерка.