Оставка на гувернерот на Кемерово по пожарот во трговскиот центар
Објавено во: Свет 01 Април, 2018
Една недела по трагедијата од пожарот во трговскиот центар во кој загинаа 64 лица гувернерот на руската област Кемерово Аман Тулејев поднесе оставка.
„Невозможно е да останеш на позицијата гувернер со вакво бреме. Тоа би било морално погрешно“ изјави Тулејев. Тој e гувернер уште од 1997 година.
Претходно беше уапсена Јулија Богданова, генералната директорка на кондиторската компанија во чија сопственост е трговскиот центар во Кемерово, бидејќи не презела мерки да ги реши дефектите во противпожарниот систем.Кога избил пожарот, алармниот систем бил исклучен, а безбедносните излези биле блокирани.
Пожарот изби на четвртиот спрат од трговскиот центар „Зимска вишна“ во кино сала и во детска игротека. Загинаа 64 лица, од кои 41 беа деца.
Трговскиот центар кој се простира на 23.000 квадратни метри бил отворен во 2013 година. Покрај продавниците и кино-салата, има и сала за куглање, детски центар и градина за животни.