Осуден, па ослободен возачот на Теута Арифи кој киднапирал Македонци
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 17:18
Амет Бејтула на 13 октомври „алфите“ го уапсиле и веднаш бил однесен на издржување 5 годишна затворска казна во затворот Идризово, објави Телма.
Полицијата извршила наредба по објавена потерница која стои и на сајтот на МВР. Но, само по половина месец Бејтула го напушти затворот по одлука на Врховниот суд да му ја поништи пресудата и да го врати предметот на судење од почеток.
Бејтула од затворот излезе со наредба од судот во Тетово во која пишува дека веднаш треба да биде пуштен од Идризово. Додека беше во затворот Врховнот суд одржал седница на која било одлучено пресудите од пред три години на Основниот и две години на Апелациониот суд да бидат укинати и да му се дозволи повторно судење.
Бејтула е дел од деветчлената банда осудена дека 29 август пред 14 години на магистралниот пат Тетово - Гостивар како припадници на терористичката АНА киднапирале петмина Македонци.Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




