Осум лица се приведени за нередите на денешните протести
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021
Осум лица се приведени за нередите на денешните протести за случајот „Монструм“.
Демонстрантите фрлаа камења и други предмети кон полицискиот кордон, којшто го спречи движењето на толпата кон Кривичниот суд. Полицијата возврати со шок-бомби. Демонстрантите нападнаа новинарска екипа, за што реагираа и инцидентот го осудија од Здружението на новинари. Се вршат дополнителни проверки, па можно е бројот на приведени да се зголеми.