19 Мај, 2024
0.0274

Отфрлена кривичната која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе против Рашковски

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Отфрлена е кривичната пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на поранешни државни функционери. 

Рашковски на Фејсбук напиша дека кривичната пријава не била поткрепена со докази. Тој потсетува дека лажното пријавување е казниво дело и додава дека кривичната пријава е потпишана од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

„Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од ВМРО ДПМНЕ потпишана од Кристијан Мицковски, против Драги Рашковски, генерален секретар на Влада на РМ со која беше обвинет за незаконско разрешување на поранешни државни функционери и незаконско поставување на нови. Главна причина за отфрлање на кривичната пријава е што ВМРО-ДПМНЕ не доставил ниту еден доказ за тоа. Согласно казнениот закон, оној кој лажно ќе пријави друг дека извршил кривично дело, ќе се казни со казна затвор од минимум 6 месеци“- стои во Фејсбук статусот на Рашковски.

ВМРО-ДПМНЕ во септември поднесе кривична пријава против Рашковски, за злоупотреба на службената положба. Според партијата, Рашковски ја употребил својата положба и овозможил именување на директори од страна на Владата без истите да ја имаат исполнето потребната квалификација.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“