Открено која е мајката која го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2018
Од СВР Битола соппштија дека е утврден идентитетот на мајката чие бебе беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола.
„Мајката на пронајденото женско бебе е жител на општина Тетово. Таа е малолетна бидејќи не наполнила 18 години. Согласно закон и процедура овој случај ќе продолжи со активности што се од надлежност на Центрите за социјална работа во Битола и Тетово, додека пак полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава“, потврди Стаматова.
Женското бебе е веќе згрижено во таа установа.