14 Декември, 2025
0.0387

ОТСЕГА И СО ЗАКОН: Кој дуќанџија или маркет нема да обезбеди ред во објектите за спречување на ковид, казни и до 2.000 евра

Објавено во: Економија 11 Декември, 2020 09:51

Добивај вести на Viber

Власта со зкон ќе регулира дека дуќаните, маркетите и другите малопродажни објекти, ќе мора да воспоставуваат ред и дисциплина пред своите објекти, со цел да не се создава метеж и да се спречи ширењето на ковид 19 меѓу населението. Во спротивно ќе ризикуваат високи казни.

Ова беше наложено своевремено со Уредба со законска сила, која ќе има важност се до 9 јануари идната година, но од причина што сега веќе земјава не е во вонредна состојба, таа обврска на трговците ќе мора да им се наметне преку закон, или конкретно преку дополнувања на Законот за трговија, кои веќе се во собраниска процедура.

„Мерките за превенција од КОВИД 19 со кои се воспоставува ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши  трговија на мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари, дуќани и слично, се воведени со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба. Бидејки одредбите од оваа Уредба со законска сила имаа примена за времетраењето на вонредната состојба, како и 200 дена по престанување на траењето на вонредната состојба, заклучно со 9 јануари  2021 година., истата ќе престане да се применува“, стои во владиното образложение.

Таму се наведува дека со оглед на фактот што пандемијата на КОВИД 19, не само на територијата на земјва, туку и во светски рамки, е во полн ек, со тенденција да зазема се поголем замав, особено во месециве од зимскиот период кои следат, се наметнала потребата мерките за превенција кои се воспоставени со Уредбата, да бидат преточени во законски одредби  т.е. да бидат дел од Законот за трговија, со што би се обезбедил континуитет во нивната примена. На овој начин тие не би биле временски ограничени, односно мерките би се применувале се додека трае пандемијата.

Законските дополнувања, како што стои во владиното предлог законско решение, ќе се носат по скратена постапка, со цел да се овозможи континуитет во веќе воспоставениот ред и дисциплина во продажните објекти, воведени со Уредбата со законска сила.

Инспекциски надзор над примената на мерките за превенција од КОВИД 19, согласно Законот за трговија, има надлежност да врши Државниот пазарен иснпекторат

Инаку, согласно законските дополнувања, трговецот на мало во услови на пандемија, ќе биде должен да постави ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот и да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот.

Ознаките ќе треба да се постават на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.

Во објектите ќе може истовремено да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 10 метри квадратни. Во објектите кои се помали од 10 метри квадратни, може да пазарува само едно лице.

Вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат во објектите во кои се врши трговија на мало, за времетраење на работното време.

Во законот се предвидени и глоби кои не се баш мали.

„Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро и мали трговци и од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за средни и големи трговци, ќе се изрече за прекршок на трговецот ако постапува спротивно на одредбите од овој закон“, се вели во предлог законскиот текст кој треба да го изгласаат пратениците.

Додека, пак, глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе се изрече за вработеното лиц, ако постапува спротивно на одредбите од овој закон.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји