Отворен хостел околу Чернобил - кои се првите гости?
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2017
Украинската влада отвори хостел околу Чернобил, а првите гости се од САД, Нов Зеланд и Данска.
Целта е туристи да пристигнат во оваа зона и да ја истражуваат.
Засега хостелот има 50 кревети, кои се на 15 км од нуклеарниот реактор кој пукна во 1986 година.
Светлана Горишченко која е управител на хостелот вели дека сакаат да обезбедат во иднина сместување за 102 лица.
Украинската влада со посебна дозвола на туристите им дозволува посета во контаминираната зона која се смета за ненаселена.