26 Април, 2024
0.2442

Отворена стечајна постапка за една од фирмите на Веибо

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Основен суд Скопје 2 Скопје вчера го усвои предлогот за отворање стечајна постапка над должникот Друштво за градежништво, трговија и успуги Веибо Груп Констракшн, една од несудените странски инвестиции кои помпезно ги најавуваше претходната власт.

Предлогот беше поднесен од предлагачот-доверител Друштво за градежништво, вложувања, консултации, машинско производство и трговија Елиф Иншаат Дооел Скопје.

За стечаен управник се определува Младен Веселинов и се повикуваат доверителите во рок од 15 (петнаесет) дена од објавувањето на решението во Службен весник на РМ да ги пријават своите побарувања, меѓу кои и вработените кои долго време чекаат на исплата на заостанатите плати.

Веибо ги поседува во Македонија Веибо груп констракшн и Веибо груп Маседонија. Во јуни беше отворена предстечајна постапка за една од фирмите на Веибо во Македонија.

Одговорајќи на пратеничко прашање, вицепремиерот Кочо Анѓушев неодамна изјави дека минатата недела дека три компании се заинтересирани да ги превземат вработените од компанијата Веибо груп, а за исплата на заостанатите плати едно од решенијата е и стечајна постапка




Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра