18 Мај, 2024
0.0649

Отворени три нови регионални центри за бездомни лица и проширување на постоечкиот во Скопје

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвен Крст за прв пат отвори три нови интервентни престојувалишта во Битола, Струга и Струмица, а ги прошири и постоечките капацитети на центарот „Момин Поток“ во Скопје. Во овие центри бездомните лица ќе може да ја поминат ноќта на топло и безбедно место, да добијат оброк и психолошка и медицинска поддршка.

Според министерката Царовска, бездомните лица надвор од Скопје досега немаа место за каде би можеле да се обратат и да бидат згрижени. Од тие причини, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот Крст на Македонија, донесоа одлука да постават три регионални интервентни престојувалишта за бездомни лица, а се дополнија капацитетите на Центарот во Момин поток бидејќи појавата на бездомништво е најизразена во Скопје. Таа ги повика и останатите општини во Република Македонија да вложат напори да обезбедат барем по едно интеревентно престојувалиште.

Денеска Царовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска го посетија Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин поток. За време на екстремно ниските температури овој пункт овозможува сместување во привременото прифатилиште, кое има капацитет да смести 32 лица во исто време.

Воедно, во услови на студен бран Министерството за труд и социјална политика има обезбедено и сместување на 121 лице кои беа лоцирани во близина на Скопското кале и за истите во подготовка се индивидуални планови за поддршка и излез од состојбата на бездомништво.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање