26 Април, 2024
0.0305

Отворено детско катче во македонски затвор

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска во штипскиот затвор беше отворено детско катче, опремена детска соба, каде затворениците ќе можат да го поминат времето кога нивните деца ќе дојдат да ги посетат. Карпичаров проценува дека во прашање се меѓу 3.500 – 4.000 деца во Македонија, чии родители издржуваат казна затвор.

– Огромен е бројот на сведоштва на сега возрасни луѓе со трауматични сеќавања од посетата на самиот затвор, кои остануваат во текот на нивниот развој. Сето тоа влијае и врз емоционалниот и врз социјалниот развој на децата – оценува психологот Мавродиј Карпичаров, кој е задолжен за ресоцијализација на затворениците.

Поради тоа, штипскиот затвор изминатиот период работел на опремување на соба, која по ништо не се разликува од која било игротека. Директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ изјави дека постапиле по препораките на Советот на Европа, од април оваа година, за создавање на похумани услови во казнено – поправните установи.

– Со овој пример, кој ќе се следи и во другите установи, создаваме европски услови за лицата кои издржуваат казна затвор. До сега во овие 13 месеци како Управа имаме вложено околу 3,5 милиони евра во затворскиот систем, пари обезбедени од Европската Комисија и од други донатори – вели Стојановиќ.

Тој наведе дека со овие средства се работи на опремување на женскиот затвор со 27.000 евра, околу 100.000 евра се искористени за набавка на транспортни возила на притворениците и затворениците, се опремува судница во битолскиот затвор, каде се затвори притворскиот оддел поради лошите услови, а се работи и на втората фаза на реконструкција на затворот Идризово.

За опремувањето на детската соба во затворот Штип се потрошени 1.500 евра.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“