ОВА Е ТЕРОРИСТОТ ОД СТОКХОЛМ: Полицијата објави фотографија од човекот кој прегази луѓе
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Во Шведска денеска имаше терористички напад во кој загинаа 5 лица, а полицијата ја објави фотографијата на човекот кој газеше луѓе со камион.
Камионот удри во толпа луѓе во Стокхолм, а возилото припаѓало на компанијата Spendrups која се занимава со производство на пијалоци.
Нападот се случил околу 3 часот, а очевидци велат дека тројца мажи излегле од камионот и пукале во полицијата.
Стефан Лофтен, премиерот на Шведска посочи дека се работи за терористички напад, но нема приведени лица.
Целиот град по нападот е блокиран.